499
Пропадна и последниот обид за комплетирање на ад хок телото за следење на медиумите, пред лидерската средба. Четворицата членови ниту претпладнево не постигнаа консензус за последниот член кој треба да биде Албанец.
Сега се очекува и прашањето за комплетирање на ад хок телото да биде на маса при лидерската средба која е за кажана во 13:30 часот.
Откако од трката се повлече Даут Даути, единствен кандидат за петти член на ад хок телото остана Сефер Тахири, кој беше предложен од СДСМ.