Ад хок телото за медиуми кое ќе го следи известувањето во предизборието конечно го усвои Деловникот за работа.
Според него, за одреден медиум да биде казнет за прекршување на правилата за балансирано известување пред изборите, ќе треба да гласа мнозинството од петте члена на Привремената комисија – односно тројца.
За одржување седница исто ќе биде потребен кворум од тројца, но, во тој случај, за да се донесе одлука тие треба да бидат едногласни.
Инаку, ад хок телото во петокот ја донесе својата прва одлука, односно поднесе предлог за изрекување прекршочна казна за Првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија, поради емитување владини реклами во периодот од 2 до 5 септември.
Од MTВ пак, се бранеа дека станува збор за „човечка грешка” и најавија санкции за вработениот кој емитувал владини реклами.