Најавено, па откажано задолжување кај домашните кредитори

by fokus

Иако за денеска беше предвидено ново задолжување на домашниот пазар,  не се одржа аукција на државни записи.

Од Министерството за финансии рекоа дека аукцијата е откажана со цел да се намали салдото на внатрешната задолженост.

Дополнителниот министер за финансии пак, Кире Наумов го обвини министерството дека манипулира со јавноста, бидејќи како што рече, задолжувањето е одложено затоа што нема предвидено раздолжување за оваа недела.

-Во месец септември по основ на домашно задолжување долгови за враќање доспеваат на 07-ми, 21-ви и 29-ти, а предвидени се уште аукции за задолжување  на 20-ти и на 27-ми септември . Долгот што доспеваше на 7-ми во месецот се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра. Повторно се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжување кон нула – вели Наумов.

Наумов претходно предупреди и дека по преземањето на старо-новата функцијата. секое задолжување без негова согласност е незаконско и ќе биде правно оспорено.

Инаку, заклучо со вториот квартал јавниот долг на земјата изнесува 4,2 милијарди евра или 45,3 % од бруто домашниот производ, а последите години постојано е во пораст.

Поврзани новости