Пранешниот прв разузнувач Слободан Богоевски, во интервју на емисијата Топ-тема на телевизијата Телма, изјави дека политички ментор на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му бил Никола Кљусев, но, додаде тој, грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас е најзаслужен за неговите врвни дострели во македонската политика.
-Политичкиот ментор на Груевски, Кљусев, беше министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Демократската алтерантива. Но, Кондоминас е оној на чие барање прво Груевски станува министер за финансии на местото на Борис Стојменов, а подоцна му го предлага на Љубчо Георгиевски и за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Контоминас го направи тоа бидејќи Груевски е потписник на катастрофалниот коруптивен договор со ОКТА, од кој имаше ќар – рече Богоевски.