„Дајте им можност на жените да преземат одговорност со својата мудрост за да го направат светот подобар“, рече премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
„Во денешниот свет, каде што наидуваме на многу предизвици и конфузија во контекст на геополитиката, мора да им дадеме повеќе време и простор на жените бидејќи мажите не биле толку успешни“ рече Абазовиќ.
Како што информираат од кабинетот на Абазовиќ, тој ова го соопштил на состанокот одржан на тема „Подобрување на одржливоста и приспособливоста на агендата за жените, мирот и безбедноста“ за време на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Светот не треба да ги повторува истите грешки од минатото, туку да им даде можност на жените да ја искористат својата мудрост за да преземат одговорност за да го направат светот подобро место за живеење“, рече Абазовиќ во својот говор.
Како што е наведено, тој изразил благодарност во името на Владата на Црна Гора.
„Во нас секогаш ќе имате доверлив партнер за ваков тип на политика. Се надевам дека од година во година ќе доаѓаме овде за да презентираме подобри резултати“, заклучи Абазовиќ.