558
Не смееме да гледаме на Западен Балкан како на црна дупка во Европа. Ако останеме надвор од Европа, треба да знаете дека не е невозможно Западен Балкан за неколку години да стане новата Украина.
Ова црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ го истакна во својот говор пред европарламентарците.
-Мислам дека ова се историски моменти не само за Црна Гора туку и за цела Европа. По 24 февруари, почетокот на руската инвазија на Украина, светот е поинаков и повеќе од кога било луѓето во Црна Гора, регионот и Европа разбираат дека треба да бидеме заедно и да дадеме сѐ од себе за да го завршиме нашиот дел од работата, а од друга страна, европските институции го признаваат тоа, рече Абазовиќ.