553
Алит Абази, носителот на независна советничка листа предложена од група избирачи во Кичево, кој што попладнево беше ранет се наоѓа на операција со тешки повреди на абдоменот и рбетот, информираат за ТВ 24 од Ургентниот центар во Скопје.
Оттаму велат дека Абази пред операцијата бил во стабилна состојба, очекуваат зафатот да потрае, а за исходот ќе кажат утре.
Полицијата го приведе напаѓачот Абдула Абдули што попладнево во близина на судот и полициската станица пукаше во трите лица. А, најден е и пиштолот од кој што е стрелано.