Братучедот ја породи Натали Грубовиќ: Убавицата доби ќерка!

by fokus 22:56
22:56

Екс лото девојката и своевремено еден од нашите најуспешни модели, Наталија Грубовиќ, денес доби ќерка.

Таа се породила во Скопје, во клиничката болница Аџибадем Систина, и се чувствувала добро. Веста за приновата ни ја потврди нејзината сестра, Др. Радица Грубовиќ Растворцева.

- Advertising -

,,Денес во пладневните часови Натали се породи по природен пат  во клиничката болница Аџибадем Систина. Ја породи нашиот братучед Др. Слободан Дракулевски. И мајката и бебето се добро, се помина во најдобар ред, а за името на малата се уште се размислува’’ – ни изјави таа.

Ова е прво дете на убавицата, која лани стапи во брак со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац.

Тогаш изјави дека со сопругот ќе живеат во Србија.

И покрај тоа што подолг период е отсутна од малите екрани, Натали ќе остане запаметена како една од најубавите и најпопуларни лото и бинго девојки, но и по изреката на шоуменот Игор Џамбазов, кој за време на извлекувањата често знаеше да и каже – Натали, дај му на човекот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости