Аца Лукас со „Оскар“ ќе се бори за Евровизија!

by Фокус

Од над 150 пристигнати песни, Радио Телевизија Србија избрала 36 кои ќе учествуваат во националниот избор на песна за Евровизија 2022. Кој ќе биде претставникот кој ќе настапи во Италија, Србија ќе одлучи на фестивалот ,,Песна за Евровизија 22” кој ќе се има две полуфинални вечери на трети и четврти март, а пак финалето ќе се одржи на 5-ти март.

Комисијата на РТС составена од музички уредници одлучила кои пејачи ќе се борат за учество на Евровизија, а помеѓу нив има многу звучни имиња. Како еден од најсамоуверените е турбо фолк пејачот Аца Лукас, кој во неколку наврати изјави дека неговата песна ,,Оскар” дефинитивно ќе ја однесе победата.

Покрај Лукас, на изборот ќе учествуваат Душан Свилар, Гоца Тржан, Сара Јо, Срѓан Лазиќ, Марија Микиќ и многу други. И во делот на текстописците голем број на познати музичари решиле да си ја пробаат среќата, па ќе се пеат текстови на Бајага, Алка Вуица, Марко Кон, Леонтина Вукомановиќ и други.

Нашиот композитор Дарко Димитров пак, е во улога на автор на музиката на песната ,,Не сум јас” која ќе ја отпее Игор Симиќ.

В.К.

Поврзани новости