АА: ДУИ ја користи пандемијата за да печали политички поени

by Фокус

Официјални лица на ДУИ ја злоупотребуваат ситуацијата со пандемијата „Ковид 19“ за нивните партиски интереси, реагираат од Алијансата за Албанците на Зијадин Села.

„Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези. Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука, и тој на Чаир Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани“, соошштија од АА на Зијадин Села.

Од таму ја повикаа Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро во однос на, според нив, недоличното однесување на функционерите на ДУИ.

Поврзани новости