Вучиќ не сака СНС да има свој претседателски кандидат на изборите

by vlatko 11:45
11:45

Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, најави дека Главниот одбор на Српската напредна странка во четврток ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори.

Притоа, се разгледуваат три опции, а Вучиќ рече дека лично се противи на онаа СНС да настапи со свој кандидат.

-Втората опција е да поддржиме некого од независните кандидати. Повеќе луѓе нè прашаа за тоа. А третата е да не излеземе со кандидат. Притоа, воопшто не мора да водиме активна кампања за бојкот – рече Вучиќ.

Тој додаде дека поранешната министерка Зорана Михајловиќ му рекла дека размислува да се кандидира како независна кандидатка и дека смета оти е време жена да биде претседателка на Србија.

Како друга можност што ја слушнал, го спомена името на Драган Ј. Вучиќевиќ.

-Слушнав и предлози за кандидатура на Драган Ј. Вучиќевиќ. Би било интересно главниот политички соперник да ви биде зад решетки. Ни самиот не знам што би ви рекол – рече тој.

Слични вести