2
Во верижен судир во кој учествувале 37 возила во Швајцарија, повредени се 10 лица, соопшти тамошната полиција.
Во соопштението се наведува дека несреќата се случи во утринските часови на автопат, во пошироката околина на Цирих.
Од полицијата информираа дека во инцидентот учествувале 23 патнички автомобили, шест комбиња и осум камиони, при што поголемиот дел од возилата морале да бидат одвлечени.
Точната причина сè уште не е утврдена, а полицијата наведе дека во моментот на судирот владееле зимски услови, пренесе агенцијата ДПА.
Коловозната лента во правец кон Санкт Гален ќе остане затворена до доцните попладневни часови.