Уставниот суд го укина Колективниот договор во културата – Синдикатот објави „некролог“

by irena 16:26
16:26

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за укинување на членот 78-љ од Законот за култура и на Колективниот договор за вработените во културата во целина.

Одлуката ќе стапи во сила на 1 април 2027 година, дотогаш Министерството за култура, синдикатите и другите социјални партнери треба да подготват нов колективен договор, усогласен со законските прописи.

Синдикатот на културата кој денеска одржа и собир пред Уставниот суд, на социјалните мрежи излезе со „некролог“ по повод одлуката на судот.

„Жална вест. Со длабока тага ги известуваме сите колеги, пријатели и почитувачи, дека на 27.11.2026 на шестгодишна возраст насилно ни беше одземен Колективниот договор за култура“ стои на фотографијата.

Слични вести