Кристијан Корабоски (31), осомничениот за бруталниот напад врз 26-годишната девојка во Охрид, имал 1,29 промили алкохол во крвта, покажало алкотестирањето.
Според информациите, поради возење под дејство на алкохол против него ќе биде поднесена и дополнителна кривична пријава.
Од СВР Охрид потврдија дека Корабоски управувал возило под дејство на алкохол во ноќта кога ја нападнал девојката.
Поради тоа, против него ќе биде поднесена и кривична пријава за возење под дејство на алкохол.
Против 31-годишниот охриѓанец веќе е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда.
Според полициските информации, нападот се случи на 15 ноември рано наутро по расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во автомобилот.
Девојката била физички нападната, а откако го сопрел возилото, нападот продолжил и таа изгубила свест.
По барање на Обвинителството, судот му одреди мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до девојката на помалку од 50 метри и одземање на пасошот.