1
Почината 73-годишна жена е пронајдена во својот дом во скопското село Кучевиште. Случајот е пријавен во полицијата на 10 овој несец, во попладневните часови.
Според информациите од МВР, пријавата е примена во 16:55 часот, по што на местото била испратена екипа.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Увид извршила полициска екипа, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Причините за смртта засега не се соопштени.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на обдукцијата.