Претседателот на Советот на Општина Чаир – Мухамет Муртези е на чело на Исламскиот младински форум кој Египет го стави на листата на терористички организации, пишува „Топ чанел Албанија“.
Муртези е претседател на Советот на Општина Чаир од 2025 до 2029 година.
На последните локални избори во октомври минатата година, тој беше дел и од советничката листа на ВЛЕН во оваа општина.
Тој јавно ги поддржа протестите во Албанија и студентите кои учествуваа во нив. Во една од објавите на Фејсбук, Муртези изрази надеж дека наскоро ќе заврши политичката ера на албанскиот премиер Еди Рама, а со тоа и насилството на улиците во Албанија.
Египетскиот Кривичен суд опфаќа 35 организации и 36 поединци кои се на листата на терористички организации во период од пет години.
Освен Исламскиот младински форум во Македонија, Египет на листата ги стави и здружение во Албанија и фондација во Косово.