2
МВР информира дека вчера попладне во 18:40 часот на пешачка патека покрај реката Вардар на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, извршен е претрес во домот и други простории на Ф.С., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.