Верижна сообраќајка на автопат во Бугарија – има повредени

by irena 09:46
09:46

Верижна сообраќајна несреќа се случила на автопат во Бугарија.

Околу 50 автомобили се судрија на раскрсница во правец на Бургас, објави БНТ.

Веројатна причина за инцидентот е густата магла.

Според првичните информации, има запален автомобил и повредени.

Сообраќајот во областа е прекинат.

Се очекуваат дополнителни информации за бројот на вклучени автомобили, повредени и причините за несреќата.

Слични вести