0
Дваесет и три годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди, а уште две лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.
Според МВР, несреќата била пријавена на 7 ноември 2026 година, во 20:35 часот, а во неа учествувале патничко возило „цитроен“, управувано од Е.С. (23), и „фолксваген Т-рок“, зад чиј волан бил 43-годишниот А.А. И двајцата возачи се од Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната девојка, додека телесни повреди имале и 24-годишниот Н.Р., кој бил во „цитроенот“, како и возачот на „фолксвагенот“.
Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.