(ВИДЕО) Се урнаа темели на градилиште во Истанбул, работници затрупани под урнатините

by irena 13:27
13:27

Едно лице е спасено, а едно сè уште е затрупано под урнатините на градилиште во Истанбул.

Како што објави „Сабах“, несреќата се случила околу пладне по локално време во истанбулската населба Бахчелиевлер, а до уривањето дошло за време на ископувањето на темелите на градилиштето.

По добиената пријава, на лице место се упатени екипи на полицијата, противпожарната служба, итната медицинска помош и АФАД (Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби).

Спасувачките екипи пронашле и спасиле еден од работниците, чиј глас се слушнал под урнатините, нему му била укажана прва помош на лице место, по што бил пренесен во болница.

Се верува дека под урнатините се наоѓа уште еден работник.

Како што беше соопштено, во тек се напори за спасување на уште едно лице затрупано под земјениот одрон.

Надлежните служби ја истражуваат причината за уривањето на темелите на градилиштето.

 

Слични вести