Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска негира дека била меѓу оние со кои гувернерот на Народната банка, Трајко Славески се консултирал за влез на оваа банка на македонски пазат и за преземањето на Стопанска Битола.
Гувернерот на Народната банка пред неколку дена во Топ Тема кажа дека иако НБРМ е независна институција, сепак за ова прашање се консултирал и со Владата. Но, Кочоска под чија капа се финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање, тврди дека воопшто не била прашана за тоа. Уверува дека и сега кога НБРМ го презеде управувањето на Алта банка Битола нема информација што се случува, генерално се информирала од медиумите.
„Ние како министерство не сме имале апсолутно никаква комуникација, ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаевме кој претходно други институции, банки биле заинтересирани така што најодговорно тврдам дека Министерството за финансии немала никаква комуникација со гувернерот по основ на ова прашање“, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска
Министерката не смета дека поради случувањата со Алта банка во земјава би се нарушил банкарскиот систем затоа што процентот на нејзиното делување во секторот е многу мал и уверува дека штедачите треба да бидат спокојни. Денеска Кочоска ќе се сретне и со гувернерот на НБРМ, Трајко Славевски.