Екипи на Итната медицинска помош неколку пати интевернирала пред главната филијала на Алта Банка АД Битола во Битола, објави порталот СДК.мк.
Банката денеска ја отвори филијалата во која можат да се извршуваат само подигнувања на средства, до најмногу 20.000 денари за период од две недели.
Како што пишува медиумот, претпладнето се услужуваа само клиенти без платежни картички кои претходно добиле СМС-пораки. Иако беше најавено дека ќе се исплаќа и социјална помош, парите сѐ уште не беа пристигнати, пишува „СДК.мк“
Полициско обезбедување имало кај банкоматот, а на влезот во експозитурата стоело обезбедувањето на банката. Внатре се пропуштале само клиенти кои добиле СМС-пораки. Во нив не бил наведен точен термин за јавување на шалтерот, туку само временскиот интервал од 8 до 12 часот.