(ВИДЕО) Трагедија во Шпанија – почина фудбалер кој се судри со голманот

by irena 16:38
16:38

Трагедија во шпанскиот фудбал – почина Хесус де Мигел (30). Тоа беше последица од судир со голманот. Дуелот што се случи во текот на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора имаше трагичен епилог.

За време на натпреварот дојде до судир со голманот на гостинскиот тим, Хесус Овоно.

Лекарите веднаш истрчаа на теренот, му пружија помош, по што тој беше изнесен на носилки. Веднаш беше префрлен во блиската болница, додека голманот Овоно доби директен црвен картон.

Веднаш по натпреварот, од Тенерифе соопштија дека неговата состојба е сериозна, но сите се надеваа дека тој ќе се извлече…

За жал, тоа не се случи. Еден ден подоцна, клубот објави дека Хесус де Мигел починал…

„Срцата ни се скршени и не можеме да поверуваме дека ова е вистина. Соопштуваме дека Хесус де Мигел Алмада почина на 3 ноември во 8:00 часот наутро. Не постојат зборови што можат да нè утешат во овој момент. Сите сме со неговото семејство, најблиските и целата заедница на Тенерифе“, се вели во соопштението.

Снимката од инцидентот е вознемирувачка:

Слични вести