Туск ја обвини Русија за поттикнување нестабилност во Полска

by irena 16:19
16:19

Полскиот премиер Доналд Туск денеска ја обвини Русија дека се обидува да предизвика „нестабилност“ во Полска преку мешање во спорот околу Уставниот суд, кој се води меѓу неговата влада и претседателот Карол Навроцки.

Туск изјави дека Полска ќе го зголеми бројот на полициски сили на границата со Русија, откако во текот на ноќта, на руската страна од границата, биле забележани неколку лица со батериски ламби.

„Ги забележуваме активностите на Русија и на проруските политичари, како на меѓународно ниво, така и во внатрешноста на земјата, насочени против нашиот став – односно, одбраната на Уставниот суд од агресивното однесување на политичарите и демонстрантите што тие ги поттикнуваат“, рече Туск на седницата на владата.

 

Слични вести