Малолетници се претепале во близина на основно училиште во Ѓорче Петров

by irena 14:52
14:52

Физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Скопје била регистрирана вчера наутро во непосредна близина на основно училиште во населбата Ѓорче Петров.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 02.11.2026 година околу 09:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Нарушувањето на јавниот ред и мир се случило меѓу двајцата малолетници, по што биле известени надлежните полициски служби.

Од МВР информираат дека во тек се мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за тепачката.

Слични вести