(ВИДЕО) Затворени филијалите на Алта банка – граѓаните може да подигнат до 10 илјади неделно

by jadranka 14:05
14:05

Во експозитурата на Алта банка на улица „Македонија“ во центарот на Скопје нема редици како пред битолската главна филијала на банката. На влезната врата беше залепено соопштението од банката со кое ги информираат клиентите дека почнувајќи од 2 ноември 2026, експозитурите на Алта банка АД Битола привремено  нема да работат со клиенти до дополнително известување.

Како и дека, според одлуката на Народна банка, воведени се привремени заштитни мерки со кои за физичките лица е утврден неделен максимален лимит од 10 илјади денари за користење средства преку платежните картички на Банката.

Екипата на “Фокус” сретна еден клиент кој од банкомат вадеше “кеш” пари. Тој не сакаше да зборува пред објективот, но надвор од него потврди дека максималниот лимит што може да го извади од банкоматот е 10 илјади денари.

За разлика од Скопје, во Битола и денеска имаше редица граѓани кои чекаа да ги подигнат парите што ги имаат во банката.  Од нив можеше да се чуе и пораката – “не сакаме уште еден ТАТ, дајте ни ги парите и пензиите“
Со јасна алузија на големата финансиска афера што ја потресе Македонија и особено Битола во средината на 90-те години од минатиот век и зароби големи средства на битолчани

Подготвиле: 

З.Ф. – О.К.  

Слични вести