Жена од Свети Николе пријавена за напад врз полицаец

by irena 13:35
13:35

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против 47-годишна жена од градот поради сомнение за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на улицата „Карпошева“ во Свети Николе. Пријавената, како што се наведува, агресивно се однесувала и нападнала полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.

Против жената е поднесена кривична пријава за делото „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

Слични вести