Јавниот долг нема да надмине 60 отсто од БДП, тврди Димитриеска-Кочоска

by vlatko 21:01
21:01

Јавниот долг заклучно со крајот на годинава и следната година ќе биде под 60 проценти. Растот е проектиран за следната година на 3,8 проценти, зборуваме за реален раст, а инфлацијата на 3,2 проценти во услови кога инфлацијата на глобално светско ниво е проектирана на 4,1 процент. Ние до овој период покажавме како Влада со мерките кои ги преземаме дека успеваме да ја држиме инфлацијата на пониско ниво од она што значи Европа, па и светот, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во однос на тоа што се очекува со приходите, рече дека тие се многу внимателно проектирани, за секој приход има методологија која е потпомогната низ годините наназад од страна на Меѓународниот монетарен фонд и врз основа на тоа се правени проекциите.

-Најпесимистички сме настроени во делот на акцизите каде ги имаме зголемено за 1,5 милијарда денари и тоа нормално е дека очекуваме да имаме раст кај акцизите од тутун и алкохолни пијалаци. Тоа е нешто што го очекуваме дека ќе имаме пораст на количини, имаме и промени во делот кај тутунот со царинските стапки. Така што тука очекуваме и имаме песимистичко сценарио.

Не мислам дека имаме некоја грешка во проекциите во тој дел. Во 2026 година направивме корекции единствено само во делот на акцизите. Во другиот дел ние корекции немаме направено. Очекувањата се дека ќе имаме реализација на Буџетот, единствено нешто што ќе видиме е во делот на данокот на добивка, затоа што во него го евидентиравме солидарниот данок – посочи Димитриеска-Кочоска.

Слични вести