Врховен суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 граѓани, судењето ќе почнен од почеток

by valentina 17:20
17:20

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и на Апелациониот суд Гостивар за пожарот во тетовската модуларна болница, во кој на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица. Предметот се враќа во Основниот суд Тетово на повторно постапување и одлучување.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 22.10.2026 година, донесе пресуда во предметот КВП2-36/26 (во јавноста познат како Модуларна болница Тетово), со која ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на осудените, поднесени преку нивните бранители, а пресудата на Основен суд Тетово К-512/24 од 16.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ-211/25 од 26.11.2025 година, ги укина и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Воедно, со решение барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на обвинетото правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово, го отфрли како недозволено, информираат од Врховниот суд.

В.В.

Слични вести