Според моменталните информации, Социјалистичката партија на Србија (СПС) освоила само 2,3 отсто од гласовите на денешните вонредни парламентарни избори, што е под изборниот праг од три отсто.
Тоа значи дека, за првпат од 1990 година, социјалистите нема да бидат парламентарна партија, односно нема да имаат пратеници во српскиот парламент, пренесува „Нова“.
Доколку се потврди резултатот од 2,3 отсто, тоа ќе значи дека поддршката за социјалистите е намалена за 4,25 процентни поени во споредба со 2023 година, а за дури 9,14 процентни поени во споредба со 2022 година.
Резултатот од 2,3 отсто освоени гласови е убедливо најслабиот резултат на СПС во однос на сите претходни парламентарни избори.
На парламентарните избори во 2023 година, СПС освои 6,55 отсто од гласовите и 18 пратенички мандати, додека во 2022 година имаше 11,44 отсто од гласовите и 31 мандат.
На вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Србија, победи „Студентската листа“, освојувајќи најголем број мандати. Во српскиот парламент влегува и листата „Обединета Србија“, како и партиите на малцинствата.
Според првите проекции, „Студентска листа – Студентите победуваат“ освои 52 отсто и 138 мандати, а листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освои 39,3 отсто од гласовите, односно 104 мандати.
Ивица Дачиќ, претседателот на СПС, изјави дека оваа партија не го постигнала посакуваниот резултат.
„Ова е изгубена битка“, рече Дачиќ, додавајќи дека тие ја продолжуваат својата борба.
Тој му честиташе на победникот на денешните избори.