1
Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на неколку избирачки места за време на денешните вонредни парламентарни избори.
Тој повика да се обезбеди мирна и безбедна средина за гласање.
„На граѓаните на Србија мора да им се овозможи да го остварат своето демократско право на глас во мирна и безбедна средина. Ги повикуваме сите актери да останат смирени, да постапуваат одговорно и да се воздржат од насилство и провокации, а надлежните институции да ја гарантираат безбедноста на сите учесници во изборниот процес“, изјави шефот на делегацијата на ЕУ.