Речиси 68 отсто излезност на изборите во Србија на еден час пред затворањето на избирачките места

by irena 20:32
20:32

Излезноста на предвремените парламентарни избори во Србија на еден час пред затворањето на избирачките места е 67,6 проценти, се вели во процената на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) и Ипсос, направена врз примерок од 750 избирачки места.

Ова е значително зголемување во споредба со парламентарните избори во 2023 година, кога до истиот период излезноста беше 55,9 проценти.

До 17 часот на гласање излегоа 60,9 проценти од избирачите, додека на претходните парламентарни избори во истиот период излезноста беше 47,2 проценти.

Избирачките места во Србија се затвораат во 20 часот, по што се очекуваат првите процени за изборните резултати.

Слични вести