Вонредни парламентарни избори: Србија гласаше, сега сите ги чекаат резултатите

by irena 21:15
21:15

Вонредните парламентарни избори во Србија завршија вечерва во 20:00 часот, при што граѓаните избраа 250 пратеници во новиот состав на српскиот Парламент.

Избирачките места беа отворени од 07:00 до 20:00 часот, а на оние што ќе се затекнат на избирачкото место или непосредно пред него по тоа време, ќе им биде дозволено да гласаат, пренесува Танјуг.

Според податоците на „Ипсос“ (IPSOS) и Центарот за слободни избори и демократија (Цесид – CeSID), до 19:00 часот на парламентарните избори во Србија гласале 67,6 отсто од гласачите, беше објавено на официјалниот профил на „Цесид“ на социјалната мрежа „Икс“.

Според податоците на Републичката изборна комисија (РИК), излезноста до 18:00 часот изнесувала 64,89 отсто.

Изборниот молк траеше сè до затворањето на избирачките места во 20:00 часот.

Право на глас имаа 6.451.292 регистрирани гласачи, кои можеа да гласаат на 8.392 избирачки места, од кои 93 се наоѓаат во странство.

На изборите учествуваа 18 изборни листи со вкупно 2.418 предложени кандидати, при што девет од нив имаат статус на листи на национални малцинства.

Слични вести