1
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас игра во се подобра форма во дресот на Аталанта од Бергамо.
По постигнатиот погодок во Конференциската лига против тимот на Пафос, тој се запиша во листата на стрелците и во домашното првенство.
Елмас денеска беше стрелец на водечкиот гол за 4:3 на натпревар против Фросиноне.
Тој беше дел од почетниот состав на Аталанта, а во 50. минута од средбата. Македонецот ја затресе мрежата за водство на својот тим.
Сепак Аталанта не успеа да ја задржи предноста и Фросиноне дојде до конечни 4:4.
Претходното коло Елмас паузираше поради суспензија заработена поради црвениот картон.