Игор Здравковски – пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалната мрежа Х прогнозира дека вечерва во Србија ќе почнат немири.
Тој вели дека не го интересира кој ќе победи, но има предвидување за резултатот и за случувањата по гласањето.
„Цел ден читам за Србија многу загреани, ја да си кажам стартно ни ме интересира кој ќе победи ни ми е гајле. Мое лично видување е дека Вучиќ ќе изгуби во БГ и НС, на другите места ќе тепа со +70% од гласовите, и вечерва почнуваат немири поради незадоволство од спонзорите од запад“, напиша Здравковски.
Според процената на Ипсос и ЦеСИД, до 17 часот во Србија гласале 60,8 отсто од избирачите.
Републичката изборна комисија претходно соопшти дека излезеноста до 16 часот изнесувала 56,38 отсто.
Во центарот на Белград се поставени огради и е забележливо присуство на полицијата.