Тринаесетти ден протести во Тирана – демонстрантите се собираат пред Министерството за образование, зголемено полициско присуство

by irena 17:26
17:26

Во Тирана, 13-ти ден по ред се одржуваат протести, а демонстрантите почнаа да се собираат пред Министерството за образование.

Меѓу учесниците на протестот има студенти, млади луѓе и граѓани, кои бараат оставка од Владата и од албанскиот премиер Еди Рама.

Се очекува да им се придружат и други демонстранти. На собирот се собра голем број луѓе, а присутно е и засилено полициско обезбедување.

За време на протестите во саботата дојде до судир меѓу полицијата и учесниците, при што беше причинета голема материјална штета. Маскирани демонстранти на плоштадот „Скендербег“ фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полицијата, која возврати со солзавец и водени топови.

Кон зградите на Министерството за земјоделство и Општина Тирана беа фрлени шишиња со бензин, што предизвика пожар на главните влезови, а во близина на Банката на Албанија, до автобуската станица, беше запален и еден киоск.

Слични вести