1
МВР информира дека рано утринава во 05:45 часот на ул. „4 јули“ во Кичево, полициски службеници лишија од слобода 30-годишник од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 1,63 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.