(ВИДЕО) Кандидат на листа на СНС затекнат со паралелни избирачки списоци

by irena 17:02
17:02

Наводни двојни избирачки списоци снимени во Вршац предизвикаа расправии во близина на избирачки места.

Граѓани пријавиле лица кои во паркирани возила имале документи за кои тврдат дека се паралелни избирачки списоци.

На снимките што се шират на социјалните мрежи се слуша расправија, при што лицата во возилото одбиваат да ги предадат списоците.

Кога граѓаните најавиле дека ќе повикаат полиција, еден од мажите се заклучил во автомобилот.

Претходно, во близина на друго избирачко место бил снимен и Иван Грујин, кандидат на листата на СНС „Обединета Србија“, за кого граѓаните тврдат дека во возилото имал паралелни избирачки списоци.

Според неофицијални информации на медиумот, на местото имало околу 20 полицајци, а на Грујин на крајот му бил одземен списокот.

Слични вести