Трагедија кај Белград – автомобил удри пешак (60) кој почина на самото место, а возачот побегна

by irena 16:54
16:54

Утринава, околу еден часот по полноќ, во белградската општина Палилула, во населбата Борча, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден пешак.

Како што неофицијално дознава српски „Телеграф“, несреќата се случи на аголот од Зрењанински пат и улицата „Рафаил Момчиловиќ“.

Според досегашните информации, П.А.(роден 1966 година) бил удрен од непознато возило на обележан пешачки премин.

Несреќниот човек им подлегнал на повредите на самото место.

Возачот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа го напуштил местото на настанот пред пристигнувањето на полицијата, а надлежните органи интензивно трагаат по него.

Слични вести