1
МВР информира дека рано утринава во 01:00 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници лишија од слобода 60 годишен скопјанец.
– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мг“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,22 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, по насоки на јавен обвинител одземено му е патничкото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.