Сончево време со умерена облачност

by vlatko 08:08
08:08

Денеска и во наредните денови, според објавената временска прогноза, ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, а ќе дува претежно слаб до умерен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 15 до 24 степени.

Во понеделник, пак, ќе продолжи стабилното и сончево време. Минималните температури ќе бидат меѓу 3 и 10 степени, а дневните од 16 до 24 степени.

Иако утрата ќе останат релативно студени, дневните температури ќе бидат пријатни за овој период од годината.

Слични вести