Русија воспоставува „безбедносна зона“ на украинска територија долж својата граница, за која нема да преговара во рамките на какви било идни разговори со Киев, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Облечен во воена униформа, Путин за време на посетата на команден пункт изјави дека операцијата е одговор на украинскиот упад во руската Курска област, кој се одвиваше во периодот од 2024 до 2025 година.
-Руските вооружени сили имаа задача не само да го истиснат непријателот од нашата територија, туку и да воспостават безбедносна зона во соседното подрачје. Таа задача успешно се спроведува – рече Путин.
Тој нагласи дека целта е да се обезбеди целосна безбедност на руските погранични области во иднина, додавајќи дека Москва нема да дозволи ова прашање да биде предмет на евентуални мировни преговори со Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека планираната безбедносна зона треба да се протега на 660 километри, од кои, според него, руските сили во моментов контролираат 70 проценти.