Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, осврнувајќи се на евроинтегративниот процес и нерешениот процес со Бугарија, упатува на неодамнешната порака на Фон дер Лајен, која рече дека треба да се реши проблемот низ директни разговори со Софија.
Како што рече Герасимовски на Трилинг, ова прашање требало да се решава веќе две години, но, според него, не се гледа дека еден чекор е направен да се отпочнат преговорите додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
-Кога станува збор за крупни теми, битни за државата и нејзиниот напредок, сметам дека требаше, и треба што поскоро да се седне на заедничка маса и да се изнајде решение – вели тој.
Герасимовски се осврнува и на можните предвремени избори.
-Јас лично сметам дека ќе има предвремени избори. Мислам дека ќе бидат на есен. Сe уште како партија не сме консолидирани целосно. Можеби делумно да, но не целосно – вели тој.
Околу „Платформа 12.05“, Герасимовски смета дека тој начин на изразување на револт и незадоволство треба да се одвива во просториите на СДСМ.