Мицкоски: Целта е до крајот на мандатот да се приближиме кон просечна плата од 1.000 евра

by valentina 15:48
15:48

Во денешното празничното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, премиерот вети дека до крајот на мандатот, односно 2028 година, ќе се приближиме кон просечна плата од 1.000 евра.

-Целта на оваа Влада е до крајот на мандатот да се приближиме кон онаа бројка од просечна плата од 1.000 евра или нешто повеќе од 60.000 денари, рече премиерот.

Потоа се надоврза на трошоците.

-Би сакал од тука неколку зборови и за стандардот и трошоците за живот на граѓаните. Ако во минатото нè убедуваа дека растот на трошоците за живот и инфлацијата се увезена категорија, дека така била состојбата во Европа, така била состојбата во светот, па ние, бидејќи не сме биле изолиран случај — што е точно — сме морале да имаме двапати поголеми трошоци на живот и двапати поголема инфлација од таа којашто во тоа време беше во Европската Унија.

Последните три месеци, откако макроекономски се консолидиравме во услови на бујна, тешка светска криза, гледаме еден антипод и спротивен пример од тоа што нè убедуваа до пред некоја година. Денеска гледаме дека трошоците за живот растат, но растат многу побавно од оние коишто растат кај нашите соседи и во Европската Унија.

Последните месеци, или трите месеци од третиот квартал — тоа се јули, август и септември — трошоците за живот пораснаа од 2,3 до 2,7% или нешто повеќе од 2,5%, во услови кога просекот во Европската Унија е повеќе од 3,8%, или 25% помалку од она кое што расте во рамките на Европската Унија. Значи, не била точна таа теза дека инфлацијата била увезена и трошоците за живот морале да растат затоа што тие растеле и на други места во рамките на Европската Унија.

Ако ги погледнеме соседите, ќе видите дека во септември, ако кај нас инфлацијата е 2,6… 2,7, септември 2,7%, ќе видите дека кај нашиот јужен сосед таа е повеќе од 5%, кај нашиот источен сосед таа е 5,6%, се очекува и кај другите соседи инфлацијата да биде повеќе од 4%. Значи, можело и подобро да биде откако ќе се консолидира состојбата дома.

Затоа велам дека полека, но сигурно, напорната работа и напорниот труд којшто го вложуваме даваат резултати и првите индикатори се појавуваат.

Нашата цел е економскиот раст сè посилно да се претвора во подобри примања и поквалитетен живот за граѓаните, рече Мицкоски.

Слични вести