1
По реакциите на јавноста, по неодамнешното сведочење на родителите на доскорашниот апелационен судија Ѓоко Ристов, дека 350.000 евра кои беа заѕидани во зид се нивни и дека ги спечалиле од земјоделие и плетење, со коментар се јави и соругата на Ристов.
-Од кога е срамота да се печали од земјоделие???“, праша Симона Зорик, на социјалната мрежа Фејсбук.
Родителите на судијата во своите искази објаснуваа дека со децении се занимавале со производство и продажба на земјоделски производи, меѓу кои бостан, дињи, пиперки и грозје, и дека заработените пари ги чувале во готовина, бидејќи немале доверба во банките.