Продолжен намалениот ДДВ за дизелот до 20 октомври 2026 година

by irena 17:22
17:22

Владата продолжува со примената на мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизел горивото, со што даночната стапка останува намалена од 18 на 10 проценти до 20 октомври 2026 година.

Одлуката, според Министерството за финансии, има цел да помогне во ублажување на ценовните притисоци и да придонесе за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше дека со продолжувањето на мерката се очекува влијание врз малопродажните цени на горивата, со што би се намалил финансискиот товар за домаќинствата и компаниите.

„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година“, наведе Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ги следат движењата на меѓународните пазари и, доколку е потребно, навремено ќе реагираат со нови мерки за ублажување на економските притисоци.

Слични вести