1
Малолетник бил физички нападнат од пет други малолетници на детско игралиште во скопската општина Карпош, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 3 октомври околу 18:30 часот. Настанот бил пријавен во СВР Скопје на 8 октомври во 11:20 часот.
Од петтемина малолетници кои го нападнале, двајца му биле познати на нападнатиот.
Полицијата презема мерки за утврдување на околностите и целосно расчистување на случајот.