Прекин на водоснабдувањето во Маџари, во Хиподром и Трубарево намален притисок

by irena 07:07
07:07

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од населба Маџари, а во Хиподром и Трубарево ќе имаат намален притисок, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 350 милиметри на улицата Маџари бб (Триангла), а ќе почне во 9:00 часот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на работите.

Слични вести