Си Џинпинг му рече на Трамп во Белата куќа: Односите меѓу Кина и САД се длабоко испреплетени, но сите имаме корист од соработката

by irena 18:23
18:23

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска го пречекаа кинескиот претседател Си Џинпинг пред Белата куќа, на почетокот на неговата државна посета на Соединетите Американски Држави.

Колоната возила во која се наоѓаа кинескиот претседател и неговата сопруга Пенг Лијуен беше пречекана од Трамп пред Белата куќа и со воена почесна стража, по што четворицата кратко позираа за фотографии на црвениот тепих пред да влезат во Белата куќа, пренесува „Скај њуз“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека и Кина и САД се големи земји со големи народи и дека неговата посета на САД претставува чекор кон продолжување на пријателството и проширување на соработката меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, Си Џинпинг рече дека Кина и САД, како две големи сили, ја покажуваат својата историска одговорност за унапредување на човечкиот развој и напредок, пренесува Си-ен-ен.

Тој додаде дека е подготвен да соработува со Трамп за да го насочи „огромниот брод“ на односите меѓу Кина и САД кон стабилна иднина и нагласи дека двете земји треба да ја зајакнат меѓусебната комуникација.

– Кина и САД се различни… но преку искрен, темелен и континуиран дијалог, нашите две земји можат подобро да се разберат… и да изградат меѓусебна доверба – рече кинескиот лидер.

Тој додаде дека тој и Трамп имаат „почит“ еден кон друг и дека се во постојан контакт.

– Треба искрено да соработуваме – рече Си Џинпинг, кој исто така оцени дека интересите на двете земји се „длабоко испреплетени“.

Слични вести