Осуденици учат угостителски вештини во затворската кујна во штипскиот затвор

by valentina 09:58
09:58

Во затворот во Штип дел од осудениците во затворската кујна учат кулинарски и угостителски вештини, што овозможува и нивна ресоцијализација.

-Работното ангажирање е еден од значајните облици на ресоцијализација на осудените лица. Во затворската кујна, преку секојдневниот ангажман, тие имаат можност да стекнуваат и унапредуваат практични знаења и угостителски вештини кои можат да им бидат од корист по издржувањето на казната.

Со цел подобрување на условите за работа и обезбедување повисоки стандарди за безбедност и хигиена, КПД Штип, покрај редовните здравствени и санитарни прегледи, обезбеди комплетна заштитна опрема за сите лица работно ангажирани во затворската кујна.
Создавањето безбедни услови за работа и можноста за стекнување нови знаења и вештини се важен дел од процесот на ресоцијализација и подготовката за успешно враќање во заедницата, информираа од Управата за извршување на санкции.

Слични вести